Само еден напаѓач постигнал 50 голови побрзо од Роналдо во Серија А и тој е од – Милан!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кристијано Роналдо игра во одлична форма сезонава и во моментов е втор најдобар стрелец во Серија А со 19 погодоци. Пред Португалецот се наоѓа само Чиро Имобиле, кој постигна шест гола повеќе од напаѓачот на Јувентус.

Роналдо во италијанското првенство постигна 50 голови вкупно од 70 одиграни меча, а пред него само на еден фудбалер му успеало да дојде до таа бројка на голови на помалку од 70 натпревари.

Тоа му успеало само на Андриј Шевченко, кој во дресот на Милан постигна 50 голови по 69 одиграни меча. На трето место се наоѓа бразилскиот Роналдо, а потоа Ван Бастен, Мишел Платини, Габриел Батистута, Давид Трезеге…