Македонија се дави во ѓубре - решението го бараме во Данска ↓↓↓
Младиот норвешки напаѓач, Ерлинг Браут Халанд долго време ги полни медиумите со неговите одлични настапи и постигнати голови.
19 годишниот фудбалер на Борусија Дортмунд покажа вонсериски талент, а на сцена наскоро ќе стапи и неговиот роднина, три години помладиот од него Алберт Браут Халанд.
Тој има само 16 години и веќе настапува за норвешкиот Бирн, клуб во кој своевремено играше и Ерлинг Халанд.
Алберт Браут Халанд блиескал во младинскиот тим на Бирн каде постигнал 30 голови на 22 настапи. Минатата сабота 16 годишниот фудбалер за прв пат заигра и за сениорите на Бирн.
„Од мал сонував да играм за првиот тим, но не очекував дека тоа ќе успее додека имам 16 години. Ерлинг секако ми е голема инспирација, неговите успеси се неверојатни“ –изјави Алберт Браут.