Само што се соопшти дека Алегри заминува, кладилниците веќе го одредија фаворитот кој би требало да го наследи


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Италијанскиот стратег Масимилијано Алегри ќе го напушти Јувентус на крајот од оваа сезона според денешното соопштение од клубот.

Како што и секогаш се случува, кладилниците веднаш почнаа да нудат квоти и имиња за можниот наследник.

Со оглед на тоа дека кладилниците по правило се подобро известени од било кој друг, треба да им веруваме кога ќе понудат некое име со најмал коефициент, а тоа име е – Антонио Конте.

За него коефициентот е 2,50, а за вториот фаворит, според кладилниците е Покетино на кој коефициентот му изнесува 3,75.

Да се потсетиме, пред некое време во медиумите се спомнуваше и името на Дидиер Дешамп, но како што стојат работите тој очигледно не е главната конкуренција.

Покрај тоа, Конте го предводеше тимот на Јувентус од периодот од 2011 до 2014 година и тогаш со Старата Дама освои три последователни Скудета. Тој после тоа беше тренер на репрезентацијата на Италија и на тимот на Челзи. Без работа е од минатото лето.