Сампаоли доби повик поради кој експресно заминува од Севиља?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Чилеанскиот стручњак Жорге Сампаоли би можел да ја напушти Севиља после само еден месец поминат на клупата на актуелниот освојувач на Лигата на Европа.

Самполи на клупата на Севиља го наследи Емери кој сега го води ПСЖ, а сега се споменува дека Чилеанецот би можел да седне на клупата на Аргентина.

“Не сме добиле повик од првиот човек на ФС Аргентина, но не контактираа неговите блиски соработници. Тешко дека Аргентинците можат да и ја платат оштетата на Севиља, но Самполи има желба да стане селектор на Гаучосите”- изјави неговиот менаџер Ернандо Баредес.

Од друга страна од Севиља тврдат дека Сампаоли е нивни тренер и дека не сакааат да има две работи.