Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
После бројни офанзивци и играчи за врска, на ред дојде и еден дефанзивец.
Стигна замена за Коке, кој премина во Шалке, а во прашање е десниот бек на репрезентацијата на Аргентина Габриел Маркадо.
Меркадо доаѓа на Санчез Пижуан од Ривер Плејт, а според специјалниот сајт “transfermakrt.com”, управата на шпанскиот клуб за неговите услуги издвои нешто повеќе од два милиони евра.
Овој 29-годишен фудбалер потпиша тригодишен договор со “мајсторите за Лига Европа“, а интересен податок е дека на минатата Копа Америка Сентенарио ја одигра секоја минута во дресот на репрезентацијата на Аргентина, која во финалето загуби после лошото изведување на пенали.
Хорхе Сампаоли, кој на местото шеф на стручниот штаб е поставен наместо Унаи Емери, целосно го промени изгледот на оваа екипа, која од наредната сезона ќе игра и во Лигата на шампионите.
Пред Меркадо, на Санчез Пижуан стигнаа и Франко Васкез, Хоакин Кореа, Гансо, Висам Бен Једер, Кијотаке, Пабло Сарабија, Лусијано Вието и Матијас Кранвитер.
¡Bienvenido al #SevillaFC @GabeMadryn! ????????????⚽ pic.twitter.com/EhtWs9uol1
— Sevilla Fútbol Club (@SevillaFC) August 4, 2016