„Санчез е веќе сега голем играч“


Викенд за уживање: Дерби до дерби секаде! ↓↓↓


Блес Матуиди игра одлично на тековното првенство, еден од организаторите на играта на Галските петли.

Уште една стана остана на него и неговите соиграчи за да стигнат на врвот. Пред нив е секогаш незгодната селекција на Португалија  која има одлични поединци.

Меѓу тие кои заблескаа на ЕВРО е и 18-годишниот Ренато Санчез.

Тоа добро го знае и играчот за врска на Франција.

„Ренато игра одлично. Така млад, а веќе го фалат. Со своите игри заслужи да оствари трансфер во Баерн но и да биде во финале со нас. Веќе сега е голем играч, на него е да работи на своите слабости со цел да стане уште подобар“, додаде за странските медиуми Блес Матуиди.

Финалето меѓу Франција и Португалија се игра вечерва од 21 часот.