Санчез го пропушти последниот тренинг на „ѓаволите“, позната причината за тоа


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Чилеанскиот репрезентативец Алексис Санчез го пропуштил последниот тренинг на Манчестер Јунајтед.

Фудбалерот кој се наоѓа пред трансфер во Интер не бил присутен на денешниот тренинг на тимот, но причината за тоа не бил евентуалниот трансфер во италијанскиот клуб, туку тоа што заминал во американската амбасада во Лондон.

Санчез бил во амбасадата на САД за да добие виза за престој во оваа земја затоа што неговата репрезентација таму ќе одигра пријателски средби за две недели.

Што се однесува до неговиот трансфер во Интер, во моментов двете страни се далеку од договор, но истиот може да се случи до крајот на преодниот рок.