Санчез заминува од Јунајтед, но „ѓаволите“ мора и понатаму да го плаќаат


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Чилеанецот Алексис Санчез наскоро би требало да стане нов член на Интер. По лошите настапи во Манчестер јунајтед, тој ќе се врати во Италија, кадешто порано играше во Удинезе.

Санчез до крајот на сезоната ќе биде позајмен на Интер, кој ќе мора да го откупи следното лето, но Јунајтед и понатаму ќе плаќа голем дел од неговата плата.

Познато е дека Санчез е еден од најплатените фудбалери во светот. На неделно ниво тој заработува речиси половина милион фунти, а добар дел од парите ќе му ги плаќаат „ѓаволите“.

Според договорената позајмица, Јунајтед ќе му плата дури 215.000 фунти на Санчез, па поради тоа Чилеанецот се согласил да замине на позајмица.

Чилеанскиот репрезентативец за година ипол на „Олд Трафорд“, одигра само 45 меча и постигна пет гола.