Санчо се огласи за својата иднина: Искрено, не знам….


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерот на Борусија Дортмунд, Џејдон Санчо по вчерашниот натпревар против Барселона беше запрашан за својата иднина.

Долго се шпекулира дека тој е предмет на интерес на Манчестер Јунајтед и можен е негов трансфер на „Олд Трафорд“ следното лето, а сега со коментар се јави и самиот играч.

„Искрено, не знам. Не можам да ви кажам за иднината затоа што играм натпревар за натпревар. Во моментов сакам да дадам 100% за Борусија Дортмунд. Очигледно сакам да освојувам титули и да давам максиум на теренот“ –истакна Санчо.