Сане откри кој играч на Баерн го притискал за трансфер во овој клуб


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Новото засилување на Баерн Минхен, Лерој Сане откри дека постојано добивал повизи од Џошуа Кимих кој имал клучна улога за неговиот трансфер од Манчестер Сити.

Сане денеска беше претставен на медиумите како нов фудбалер и од следната сезона ќе го носи дресот на старо новиот шампион на Германија.

„Најдосаден беше Џошуа Кимих. Тој ми се јавуваше секој ден и ме прашуваше каква е ситуацијата. Сите беа за трансферот и тоа беше одлучен фактор.

Всушност, трансферот се случи многу брзо. Зборував со Салихамиџиќ и брзо дојдовме до договор“ –изјави Сане.