Сане откри зошто потпиша за Манчестер Сити


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Младиот германски фудбалер Лерој Сане денеска официјално потпиша договор со Манчестер Сити.

Сане со своите одлични игри во дресот на Шалке привлече внимание на многу екипи, но имаше само една желба.

А тоа е во иднина да работи со Пеп Гвардиола, и да работи со Серхио Агуеро.

Сане во Сити стигна за 37 милиони фунти.

„Навистина се чувствувам одлично. Среќен сум што сум овде и што ќе имам шанса да играм за овој клуб. Една од причините поради што дојдов е и Пеп Гвардиола.

Тој ме наговори да дојдам бидејќи знам дека овде можам да напредувам. Можам да научам многу од него и да станам комплетен играч“, рече Сане.

Сане денеска запозна неколку свои соиграчи, а после тоа го избра бројот кој ќе го носи на грбот.

Овој млад германски репрезентативец во Сити го задолжи дресот со број 19.