Сањол има јасна желба: Грузија сака победа против Македонија!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Грузија славеше против Бугарија со 5-2 во Разград и сега е прва по воведните две кола со шест бодови, додека следниот меч го игра против Македонија во четврток во Скопје.

Македонија веќе се соочи со Грузија, која успеа да ја елиминира и избори историски пласман на Европското првенство (ЕП), кое се одржа во 2021 година.

Селекторот на Грузија, Сањол кажа дека неговата мисија е јасна, а тоа е победа и освојување три бода на гостувањето во Скопје.

„Овие фудбалери го покажаа својот квалитет и може да се забележи дека имаат победнички менталитет. Сакаме да одмориме пред гостувањето во Скопје, а потоа да постигнеме резултат каков што сакаме со Македонија, а тоа е победа“, кажа Сањол.