Сантош не го признава рекордот на Меси: Бројките не се точни, некој го ограби Пеле!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Лионел Меси пред неколку дена го постигна 644 гол за Барселона во кариерата и го урна рекордот по број на погодоци за еден тим, а тоа го симна Пеле од врвот.

Сепак, сега се јавија од Сантош и не го признаваат рекордот на Меси. Тие тврдат дека на Пеле му биле украдени 448 голови. Поточно, тие сметаат дека Бразилецот за нив постигнал 1.091 гол, а тие 448 погодоци биле во пријателски натпревари.

„Во тие 448 голови, кои денес ги оспоруваат се и некои против гиганти од тие години. Пеле му даде девет гола на Клуб Америка од Мексико и на Коло Коло од Чиле. Му даде осум на Интер, погодуваше против Ривер плејт, Бока јуниорс…“, пишува во соопштението на Сантош.