Сантош: Роналдо не беше среќен што е резерва, но покажа почит!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Португалија во четвртфинале игра против Мароко на Мундијалот во Катар, а главна тема на прес-конференцијата беше Кристијано Роналдо и неговиот статус во екипата.

Селекторот Фернандо Сантош кажа дека Роналдо не бил среќен затоа што е резерва, но ја прифатил неговата одлука.

„Роналдо не беше задоволен затоа што е резерва. Затоа и разговарав со него, по што покажа почит. Се однесуваше како капитен и не се закани дека ќе замине од репрезентацијата. Не треба да се фокусираме на Роналдо затоа што секогаш им дава поддршка на своите колеги“, кажа Сантош.

Дуелот меѓу Португалија и Мароко се игра утре од 16 часот.