Сари ги дочека своите пет минути за освета: „Кога со мене освоија титула…“


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Јувентус по деветти пат по ред стана првак на Италија и продолжи со својата неверојатна доминација на Апенините. Старата дама не блескаше оваа сезона, но и покрај тоа успеа да донесе уште еден трофеј во своите витрини.

На почетокот на сезоната Јуве го превзеде Маурицио Сари кој често се наоѓаше на мета на критиките поради играта на својот тим, но со освојувањето на титулата барем малку успеа да го замолкне своите критичари.

По натпреварот Сари имаше што да каже за се и со ироничен тон порача дека фудбалерите на Јувентус се неверојатно добри.

„Ова беше долг и тежок пат, но со среќен крај. Овој тим заслужува големо признание, поради гладта за победа и одлучноста која ја покажаа после осмата титула по ред. Најлошо е кога успехот се зема здраво за готово. Влегов во соблекувалната по натпреварот и само им реков дека очигледно се многу доби фудбалери штом успеаа со мене да освојат титула“, порача Сари по мечот.