Сари го предупредува Пјаниќ: Мора да покажеш дека си фантастичен играч


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Миралем Пјаниќ не е баш омилен фудбалер за тренерот на Јувентус, Маурицио Сари.

Босанскиот играч од средниот ред долго време е на излезна врата од Старата дама и е еден од фудбалерите на кои Бјанконерите ќе се обидат да го продадат во летниот преоден рок.

Сепак, Пјаниќ ќе остане член на Јувентус до крајот на оваа сезона, но судејќи според зборовите на Сари, 30-годишниот играч од средниот ред ќе треба да направи обид за да го задржи своето место во првиот тим.

„Миралем е фантастичен играч, но тој не може да си дозволи да игра лошо како што направи на четири или пет натпревари. Разговарав со него, но тој не може да се опорави од тие лоши игри. Тој мора да разбере дека големите играчи можат да прават грешки, но мора да покаже дека е голем и одговорен “, изјави Сари за Скај Спорт Италија.

Во последно време Пјаниќ се повеќе се поврзува со преселбата во Барселона. Јувентус се обидува да ја заврши работата што е можно поскоро и ќе видиме дали Пјаниќ ќе биде од следната сезона на Ноу Камп.