Сари: Пушев 60 цигари дневно, тоа беше премногу…


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Италијанскиот стручњак Маурицио Сари пред неколку дена го превзеде славниот Јувентус.

Некогашниот тренер на Челси е познат по тоа дека е голем зависник од пушење, а во едно интервју после превземањето на Старата дама призна дека некогаш пушел и по 60 цигари дневно.

„Пушев по 60 цигари дневно што е премногу. Не чуствувам некоја потреба да запалам во текот на натпреварот, но после тоа ми е неоходно“, изјави кратко Сари за La Nuova Riviera.

Тој говореше и за босанскиот репрезентативец Миралем Пјаниќ.

„Мој начин на размислување за фудбалот е подруг. Морам да разберам како д го имплементирам со продуктивноста. Морам да разберам како можам да ги внесам моите работи, а колку да им оставам простор на играчите. Би сакал да го видам Пјаниќ како игра 150 додавања по меч, но потоа целиот тим да биде организиран за тоа да се случи. Во последните 30 метри им оставам слобода на играчите. Секоја екипа е како дете. Се надевам дека ќе продолжиме да победуваме, а ќе биде тешко да се победува повеќе од порано“, изјави пред неколку дена Сари.

Секако освојувањето на Лигата на Шампионите ќе биде примарна цел на тимот од Торино.