Сари: Тешко дека Пјаниќ и Игуаин ќе играат утре


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Фудбалерите на Јувентус утре играат на домашен терен против Џенова на натпреварот во десетото коло од италијанската Серија А.

Старата Дама изминатиот викенд ремизираше во гости против Лече со резултат од 1:1 на натпреварот на кој не играше Кристиано Роналдо. Но, после краткиот одмор Португалецот од утре би требало да заигра од првата минута.

Тренерот на овој тим, Маурисио Сари денес потврди дека Миралем Пјаниќ и Гонѕало Игуаин најверојатно ќе го пропуштат утрешниот меч поради повредите на минатиот натпревар. Сепак, двајцата во тимот би се вратиле за време на наредниот викенд.

„Пјаниќ има повреда на мускулот како што мислевме, но ќе видиме како е. Вчера не беше во состојба да тренира и нема да ризикуваме утре. Игуаин доби удар во глава и исто така и тој го пропушти тренингот. Сепак, ќе видиме денес после тренингот и ќе одлучиме кој ќе игра“, рече Сари.

Даглас Коста ќе се врати во екипата после паузата од 45 дена.

„Коста се враќа после 45 денови и имаше само еден тренинг со тимот, но очекувам да одигра неколку добри минути утре. Ако Игуаин не биде во состојба, тешко дека ќе играме во формација 4-3-3, но спремни сме на се.“, додаде тренерот на Јувентус.