Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Со почетокот на следната недела ќе биде познато името на добитникот на Златната топка за 2019. година.
Кристијано Роналдо, Вирџил Ван Дијк и Лео Меси се главните кандидати, а последните денови се шпекулира за тоа дека одличниот аргентинец е фаворит за добивање на овој трофеј.
Пеп Гвардиола е сигурен дека Меси по шестти пат ќе биде избран за најдобар, но саркастично порача дека награда асистирана од ВАР технологијата ќе добие Ван Дијк.
„Сигурен сум дека Лео Меси ќе ја освои Златната Топка, но после прегледот на ВАР-от некој ќе му ја даде на Ван Дијк“, рече Гвардиола.
Шпанскиот стручњак сеуште се нема помирено со поразот на Анфилд Роуд од пред неколку седмици кога практично сите спорни ситуации со асистенција на ВАР технологијата беа во корист на Редсите.