Саудискиот принц не се шегува: Кулибали ќе ја отвори новата ера на Њукасл


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Њукасл е заинтересиран за ѕвездата на Наполи, Калиду Кулибали, а „Скај Спортс“ известува дека Сенегалецот ќе биде најверојатно прво засилување за премиерлигашот по преземањето на саудискиот принц Бин Салман и ќе чини 80 милиони евра.

Одличниот стопер на Наполи веќе долго време се поврзува со најдобрите европски клубови, а се шпекулираше претходно дека е желба на ПСЖ и Манчестер јунајтед, но најверојатно тој ќе се пресели во Њукасл.

Се очекува принцот Бин Салман да вложи многу пари, откако ќе го преземе клубот од „Сент Џејмс Парк“, од кој сака да направи европски гигант.

Со овој клуб се поврзуваат повеќе звучни имиња, меѓу кои се и Филипе Кутињо, Антоан Гризман, Едисон Кавани и многу други.