До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Саудискиот принц Мохамед бин Салман уште не е газда на Њукасл, а процесот би можел да потрае. Причините се обвинувањата против Саудиска Арабија поврзаниза илегален пренос на натпреварите од Премиерлигата.
„БиИН Спортс“ веднаш испрати жалба до управата на Премиерлигата, а веднаш потоа била почната постапката.
Токму тоа е единствената причина поради која продажбата на Њукасл е одложена и се чека, а уште колку ќе потрае не се знае.
Бин Салман најави големи засилувања, па Њукасл сигурно ќе биде моќен тим кој ќе се бори за топ-4 во Премиерлигата.















