Саутгејт го брани Мегваер: Мора да ги одбраниме најдобрите!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Англија одигра 3-3 против Германија на домашен терен во последното коло од Лигта на нации, а новинарите го прашаа селекторот Герет Саутгејт дали му верува на Хари Мегваер.

Дефанзивецот на Манчестер јунајтед одигра уште еден лош натпревар и направи пенал, по што доби нови критики од навивачите.

„Знам дека сите ќе го критикуваат на Хари, но тој имаше неколку важни интервенции во последните два меча од Лигата на нации. Во вакви моменти мора да ги поддржиме нашите најдобри и најискусни играчи“, кажа Саутгејт.

Англија за првпат по 29 години врза шест натпревари по ред без победа, а на пет од нив не постигна гол.