Саутгејт отпиша уште една ѕвезда за ЕП 2024

Селекторот на Англија, Герет Саутгејт реши да отпише уште една ѕвезда од англиската Премиерлига за Европското првенство (ЕП) во 2024 година.

Саутгејт реши да го избрише Џејмс Медисон од составот и тој нема да биде дел од ЕП 2024 поради лошите настапи во вториот дел од сезоната.

Медисон настапи на дуелот против Босна и Херцеговина, но не ги оправда очекувањата и поради тоа ќе се врати дома.