Саутгејт повика младинец за мечот против Македонија


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Англија ќе се соочи против Македонија во квалификациите за Европското првенство (ЕП), а селекторот Герет Саутгејт го повика младинецот Леви Колвил.

Колвил е дел од младинската селекција на Англија, која треба да настапи на ЕП до 21 година во Романија и Грузија, но сега доби шанса меѓу сениорите.

Младинското ЕП почнува идната недела, а Англија првиот меч го игра против Чешка на 22 јуни.