Сцена која ја крена цела Америка: НБА ѕвезда одби да клекне за време на химната! 🎥

Кошаркарот на Мајами хит, Мејерс Леонард одби да клекне за време на химната на мечот против Бостон.

Додека неговите соиграчи беа на колена, Леонард стоеше мирно додека ја слушаше химната на својата земја.

Неговиот потег ги изненади и налути многумина, зашто сметаат дека кошаркарот на Мајами одбил да даде поддршка во борбата против расизмот.

„Стојам! Стојам за сите мажи и жени, како и мојот брат кој служеше на оваа земја. Стојам против насилството и немирот во Вашингтон…“, напиша меѓу другото.