Сцените од Јапонија ја враќаат надежта: 10.000 луѓе во салата ги следеа борбите (ФОТО+ВИДЕО)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Спортските натпреварувања ширум светот се откажани поради пандемијата на коронавирус.

Така, покрај сите можни првенства, со исклучок на Белорусија, каде се уште се игра, откажани се и Европското првенство во фудбал, Копа Америка, Олимписките игри и многу други натпревари.

Сепак, надежта за неодамнешен камбек ни доаѓа од Јапонија. Кикбокс турнирот во Јапонија се одржа во присуство на публиката, иако министрите бараа да се одложи.

Сепак, организацијата не го откажа настанот, но направи се што може за да спречи ширење на коронавирусот. Дистрибуирани беа маски и нараквици, при што околу 10.000 фанови уживаа во седум борби.

Ова секако дава надеж за брзо враќање во спортот и остатокот од светот, иако Јапонците се познати по својата исклучителна култура и организација, и се далеку пред сите во овој сегмент.