Се беше договорено, а потоа се промени Клоп


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Раководството на Баерн долго време преговара со Тијаго Алкантара во текот на сезоната, а се чинеше дека преговорите се одвиваат во вистинската насока.

Во еден момент, клубот објави дека сè е договорено, но Алкантара реши да се премисли.

Тој ќе го напушти Баерн на крајот на сезоната како што стојат работите, а тоа ги шокираше челниците на Баерн. Причината е што му треба нов предизвик.

Наводно, познат е неговиот нов клуб, а тоа е тимот на Ливерпул кој долго време бара играч од средниот ред.

Тијаго би бил идеален за Клоп бидејќи ги има сите потребни вештини за да игра во Англија и не би бил премногу скап.