Се чини дека сè е готово: Баерн ќе мора да го прифати првиот голем пораз


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Раководството на Баерн очигледно ќе мора да го прифати првиот голем пораз.

Судејќи според информациите од „Билд“, Давид Алаба може многу лесно да ги напушти редовите на баварскиот гигант до крајот на преодниот рок, бидејќи договорот за продолжување на соработката меѓу двете страни не е на повидок.

Последниот состанок на управата на Баерн со Алаба се одржа на 14. август во Лисабон. Нема преговори од тој момент, но се очекува тие да се обидат да го убедат Австриецот барем уште еднаш да ја продолжи соработката.

Алаба засега бара премногу пари. Тој одреди цена од 20 милиони евра по сезона, додека Баерн му нудат плата од 11 милиони евра, плус дополнителни шест милиони преку бонуси.

Таквата понуда беше одбиена од агентите на овој фудбалер. Тие имаат јасен став за 20 милиони евра по сезона и нема да попуштат пред нивните барања.

Договорот со Алаба истекува на крајот на сезоната. Баерн сигурно не сака да го изгуби и да не добие ниту едно евро, па нема да биде ни чудо дали овој дефанзивец ќе направи трансфер до крајот на преодниот рок.

Ова би бил прв голем пораз на луѓето на Баерн кои во изминатиов период завршија се што беше потребно без премногу проблеми.

Сепак, Алаба се покажа како тврд орев и многу е веројатно повеќе да не го гледаме во дресот на баварскиот гигант.