Се гледа почетокот на крајот: Римската бајка и легендарниот Тоти го најавуваат крајот на историјата…?!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Изгледа дека не очекува крајот на историјата, легендата не сака да учествува во ова што и се случува на Рома…

Во Рома е хаос, откако пропадна иницијативата на Франческо Тоти, да го доведе во клубот Антонио Конте. Трофејниот тренер се заблагодари, не гледа дека „Волчицата“ е сериозна, ниту дека Палота има пари да направи тим, дури Рома ќе моера да ги продава најдобрите во случај да не избори пласман во Лигата на шампионите.

Се врати Балдини, што дополнително предизвика револт кај Тоти, неговите ингеренции сега се помали, а предложените тренери за новата сезона се Џампаоло или Гасперини кои не нудат ентузијазам, со тоа што секако ќе биде тешко пред засилувања.

Поради сето ова, Тоти сака да замине од клубот. Тој едноставно, како што тврдат новинарите кои ги следат случувањата во Рома не сака да биде врзуван ниту за ова сопственишто, ниту за неуспесите, едноставно неговиот легат во „Волчицата“ е таков, што во никој случај не помислува да го распродаде угледот.

Не е во прашање ниту функцијата, Тоти не би останал ниту да му понудат позиција на спортски директор, бидејќи не би можел поради буџетот да ги спроведе своите предлози.

Како што се наведува, сериозно размислува да замине, а тоа ќе предизвика нови проблеми со навивачите кои не го сакаат сопственикот Палота, и го обвинуваат за помалку вложувања и амбиции.

Тој неодамна истакна дека новиот стадион е приоритет, но поради судирот со градските власти, додаде дека неговата изградба може да трае подолго од Колосеумот. Беше ироничен, навивачите се надеваат дека би можел да го продаде клубот.