„Се извинувам на навивачите на Јувентус“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанскиот напаѓач Алваро Мората во ова лето може да ја напушти екипата на Јувентус.

Мората после неколку сезони во дресот на Старата дама може да се врати во Реал Мадрид.

Кралскиот клуб има опција да го врати на Сантијаго Бернабе што најверојатно и ќе се случи.

Шпанецот потврди дека неговиот агент имаше состанок со челните луѓе на Реал, а дека сеуште ништо не знае.

„Се извинувам на навивачите на Јувентус. Сеуште не знам каква е мојата иднина. Сите знаете дека ништо не е во мои раце и ако Реал одлучи да ме врати тогаш и така и ќе биде.

Состанок имаше, но сеуште ништо не се знае“ , рече Мората, и додаде:

„Јувентус е еден од најголемите клубови во Европа и најголем клуб во Италија. Среќен сум овде и жал ми е што не можам да кажам каде ќе играм во наредната сезона бидејќи ни јас тоа не го знам“.

Судбината на напаѓачот на репрезентацијата на Шпанија треба да биде позната после завршувањето на ЕП.