Се јави и легендарниот Роналдо: Кога победуваат, победува Меси, кога губат, виновни се останатите


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ги прокоментира и шпекулациите за трансферот на Нејмар во Реал Мадрид.

Меси и останатите од тимот тагуваат. Барселона на неверојатниот реванш од полуфиналето на Лигата на Шампионите ја пропушти предноста од 3 гола против Ливерпул.

Овој натпревар е еден од најактуелните и најкоментираните натпревари за оваа сезона, се јави и легендарниот Бразилец, Роналдо кој исто така јасно ги истакна проблемите на шпанскиот првак.

„Барселона има страшен тим со едни од најдобрите фудбалери на денешницата. Меѓутоа неправедно е кога победува, победува Меси, но кога губи криви се Валверде и Кутињо. Тоа е неправда кон тимот. Меси беше одличен во првиот натпревар, а за изгубениот реванш тој исто така е виновен колку што се виновни и останатите“, беше јасен легендарниот Бразилец.

Го искоментира и можниот трансфер на Нејмар од ПСЖ во Реал Мадрид.
„Не верувам дека тој би можел да игра во Реал. ПСЖ нема да го продаде. Многу е критикуван, а критиките влијаат на играчите. Сепак тој игра на врвно ниво веќе со години.“

Ситуацијата во Реал ја опиша на интересен начин.
„Не може константно да победувате. Навивачите се разгалени. Се случува да има лоши сезони за било кој тим, ова не е никаква драма“, додаде Роналдо.

Роналдо моментално има улога како сопственик и претседател на Ваљадолид.