Се обиде да го брани Дембеле, а потоа Пике се изнервира и жестоко му одговори!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанските медиуми објавија дека Осман Дембеле нема да го продолжи договорот со Барселона, а францускиот репрезентативец има договор до крајот на сезоната и најверојатно ќе си замине во друга екипа.

Барселона побара од Дембеле да се согласи на помала плата поради финансиските проблеми во клубот, но Французинот не сакаше да го прифати тоа.

Многу шпански медиуми синоќа објавија дека Дембеле одбил да го продолжи договорот, па неговиот менаџер објасни зошто ги одбиваат понудите.

Менаџерот кажа дека во преговорите Жоан Лапорта постојано се жалеле дека нема пари, а потоа се појавиле приказни за Ерлинг Халанд, а тоа предизвика критики кај навивачите.

Новинарот Алфредо Мартинез на Твитер јавно го критикуваше Дембеле и кажа дека клубот платил 125 милиони евра за него и добива 17 милиони евра годишно, а постојано е повреден.

Веднаш потоа во негова одбрана застана Фреикс, но тоа го изнервира Пике.

„На коментарот ‘Такви се фудбалерите’, тоа е исто како да кажеме ‘Такви се сите претседателски кандидати, никој од нив не ги плаќа соработниците’“, напиша Пике.