Се обиде да „намести“ натпревар во Шведска и доби петгодишна суспензија!


Македонија се дави во ѓубре - решението го бараме во Данска ↓↓↓


Поранешниот фудбалер на Манчестер сити, Диксон Етух доби суспензија во Шведска во времетраење од пет години, поради негова вмешаност за местење натпревари.

Етуху е обвинет за нудење на мито на поранешниот соиграч од АИК, Кириакос Стаматополос. Тој побарал помош за мечот меѓу АИК и Гетеборг во мај 2017 година.

Етуху наводно му понудил околу 180.000 фунти за да има лош натпревар на голот на АИК. Меѓутоа, тој веднаш го пријавил Етуху по што мечот бил одложен.

Реагирал и шведскиот фудбалски Сојуз, кој го казнил Етуху со суспензија од сите ангажмани поврзани со фудбалот во траење од пет години. Тоа значи дека 37-годишниот Нигериец не смее да учествува во фудбал до 2025 година.