Се огласи Хуан Мата за шпекулациите кои го поврзуваа со заминување од Манчестер Јунајтед

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Хуан Мата конечно се огласи за шпекулациите кои го поврзуваа со трансфер надвор од Манчестер Јунајтед.

Во јавноста се појавија информации дека фудбалерот е трансфер мета на Барселона, но Мата истакна дека во моментов не се занимава со ваквите објави во медиумите.

„Не мислам дека сега е добар момент да се зборува за тоа. Преферирам да го ставам тимот пред мене и да се фокусирам на важните задачи кои ги имаме пред себе, а Барселона е важна задача. Сигурен сум дека фановите го преферираат тоа затоа сакаме да ја победиме Барселона“ –истакна Хуан Мата.