Се огласи Јувентус: Игуаин е уште далеку од нас! Спремивме замени за Погба и Бонучи


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Работно во Торино.

Фудбалска Италија со денови веќе се тресе од самата помисла дека Гонзало Игуаин може да се пресели во Торино и да ја задолжи опремата на Јувентус. Најдобриот стрелец во Серија А не слегува од насловните страници на влијателните весници, кои секојдневно известуваат дека Пипита го сака токму – Старата дама. Меѓутоа, колку стрелецот на 36 погодоци од минатата сезона навистина е блиску меѓу Бјанконерите?

Ако го прашувате директорот на Јувентус и десната рака на Бепе Марота, Фабио Паратичи, Игуаин е многу далеку од остварување на трансфер кој ќе го здрма до темел италијанскиот шампионат и од Јуве би направил – велесила.

„Искрено, Игуаин го баравме и пред што дојде во Наполи. Тогаш разговаравме со Реал околу трансфер, но не успеавме да се договориме околу висината на обештетувањето. Поради тоа тогаш не почнавме разговори со играчот“, рече Паратичи.

Новинарите ги интересираше дали Наполи има причина да се плаши сега?

„Мислам дека не. Игуаин е уште далеку од нас.  Сите големи клубови знаат дека нивните најдобри играчи можат да добијат неверојатни понуди. Слушам дека Наполи сака неколку наши играчи, но ве уверувам дека во овој момент не добивме никаква понуда, ниту сме започнале преговори“.

Но, тука Паритичи не запре, веќе како пример ги зеде Пол Погба и Леонардо Бонучи, кој ги брка Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед.

„Ние на пример, ги имаме Погба и Бонучи кои котираат многу високо и ги бараат бројни клубови. Поради тоа спремивме потенцијални замени во случај на нивно заминување. Тоа е она што и Наполи ќе направи со Игиаун, сигуно“.

За крај, Паратичи зборуваше за можното доаѓање на најбараниот хрватски тинејџер   – Марко Пјаца.

„Тој е автентичен играч, млад, исклучителен. Затоа е наша должност да го следиме сериозно“.