Се огласи Роџерс по шпекулациите кои го поврзуваа Чилвел со Челси

Тренерот на Лестер Сити, Брендан Роџерс се огласи по повод шпекулациите кои го поврзуваа Бен Чилвел со трансфер во редовите на Челси.

Чилвел е една од трансфер метите на клубот од Лондон, а сега Роџерс изјави дека е релаксиран по повод на целата оваа трансфер сага.

„Сигурен сум дека ќе го погодите мојот одговор, нема потреба да се коментира. Тој ќе се врати, Бен е фантастичен. Прилично сме релаксирани околу тоа, но кога ќе имате талентирани играчи секогаш ќе ги има на насловни.

Прилично сум релаксиран, тој е фантастично момче со кое работиме и е мотивиран да ни помогне да го постигнеме тоа што го сакаме оваа година“ –изјави Роџерс.