Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Синоќа се одигран натпреварот помеѓу Тотенхем и Челзи, во кој гостите победија со 2:0.
Еден од најинтересните моменти се случија во средината на второто полувреме кога беше исклучен домашниот играч, Сон.
Имено, тој намерно со нога го удри Рудигер, кој по контактот падна, а по гледање на ВАР, одлучено е Сон да биде исклучен.
Домашните навивачи не се согласија со одлуката на судијата, па потоа со шише го погодија голманот на гостите, Кепа, а потоа и расистички го навредуваа Рудигер.
Играчот на Челзи по натпреварот одлучи да се огласи на својот Твитер профил.
“Многу е тажно кога гледаме расизам на фудбалски натпревар, но многу тажно е тоа што јавно го коментираме. Доколку тоа не се случи, се ќе биде заборавено за неколку дена, како и секогаш”, напиша Рудигер.