Се огласи Ругани по позитивниот тест за коронавирус: Следете ги правилата поради оние што ги сакате …


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Дефанзивецот на Јувентус, Даниеле Ругани е првиот познат фудбалер кој е заразен со коронавирус.

Гигантот од Торино синоќа потврди дека Ругани е заразен со вирусот, а оваа вест ги шокираше фудбалските фанови ширум светот.

За среќа, Ругани се чувствува добро и објави на социјалните мрежи и ги замоли сите да бидат внимателни.

“Да, јас имам коронавирус, но не се грижете. Добро сум. Ве повикувам да ги следите правилата, бидејќи вирусот не прави никаква разлика. Направете го тоа за себе, за вашите најблиски и за сите околу нас”, напиша Даниеле Ругани.

Се надеваме, фудбалерот на Јувентус ќе може што поскоро да се опорави и да се врати уште посилен на теренот.

Тој има седум настапи за Бјанконерите оваа сезона, член на кој од 2012 година кога пристигна од Емполи.