Се оствари најголемиот страв на навивачите на Реал Мадрид пред дербито со Барселона (ФОТО)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Навивачите на Реал Мадрид веќе неколку дена се плашеа од црно сценарио, кое утрово се потврди затоа што францускиот напаѓач Карим Бензема нема да може да игра во дербито против Барселона.

Бензема има проблеми со повреда, па тренираше само во теретана, а тестовите во петокот беа оптимистички, меѓутоа 34-годишниот фудбалер денеска не беше на тренинг и јасно е дека нема да настапи од првата минута во „Ел Класико“, а можеби и ќе го пропушти мечот.

Бензема сезонава постигна 33 гола оваа сезона и без сомнеж би бил најголема закана кон голот на Барселона, па неговото отсуство претставува проблем за „кралевите“.

Лука Јовиќ и Маријано се останати „класични деветки“ кои ги има тренерот Карло Анчелоти, па останува да видиме за кого ќе се реши.