Се откажа од снимање на сајт за возрасни за да му се врати на фудбалот! 📷

Англиската фудбалерка Маделин Рајт реши да се врати на тренинзи, откако во минатите неколку месеци продаваше свои фотографии на сајт за возрасни.

Фудбалерката доби отказ од женската екипа на Чарлтон поради возење во алкохолизирана состојба, но потоа популарноста ја искористи за да заработи одлично додека ги покажуваше атрибутите.

Таа создаде профил на сајт за возрасни каде што за месечна претплата од 33 долари добивавте нејзини видеа и фотографии. Сепак, фудбалерката реши да му се врати на фудбалот и почна со тренинзи.

„Почнувам со тренинзи. Нервозна сум, но возбудена што повторно ќе облечам копачки“, вели Рајт.