Се појави нов заинтересиран тим за Единсон Кавани


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Единсон Кавани по крајно успешната авантура во дресот на ПСЖ ќе си замине од францускиот клуб.

Кавани следната сезона ќе има нов клуб, а засега интерес за него имаше од Интер, Њукасл и Атлетико Мадрид.

Медиумите во Уругвај сега пренесуваат дека еден од тимовите кои пројавиле интерес за Кавани е и Рома.

Клубот од главниот град на Италија е подготвен да издвои завидни финансиски примања за да го обезбеди потписот на играчот кој во својата кариера има играно во Серија А во дресот на Палермо и Наполи.