Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Роналдињо и неговиот брат Роберто веќе три месеци се наоѓаат во Парагвај.
Тие беа уапсени на почетокот на март затоа што влегоа во земјата со лажни документи. Откако минаа повеќе од еден месец затвор, платија кауција и им е дозволено да одат во куќен притвор.
Роналдињо и Роберто во моментов се наоѓаат во хотелот „Палмарога“ во очекување на конечниот исход на судењето. Иако имаат сè што сакаат во хотелот, јасно е дека се надеваат дека наскоро ќе можат да се вратат во Бразил со своите семејства.
Првата фотографија на Роналдињо од куќен притвор се појави и на социјалните мрежи. Неговите обожаватели веднаш забележале дека тој изгледа прилично уморен.