Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Уругвајскиот голман Фернандо Муслера доживеа сериозна повреда синоќа на натпреварот помеѓу Ризеспор и Галатасарај.
Искусниот голман на Галатасарај се повреди во 13-та минута по судирот со противничкиот играч и се покажа дека станува збор за сериозна повреда на коленото, а на Муслера му претстои долга пауза.
Медицинскиот тим на Муслера му укажуваше помош дури десет минути, а подоцна тој беше пренесен во болница со брза помош и сигурно ќе мора да направи операција.
На социјалните медиуми се појави видео од пристигнувањето на Муслера во болницата, а на неговото лице може да се види дека тој е сè уште во шок. Уругваецот ќе биде надвор од терените најмалку половина година.