Се поврзуваше со враќање во Премиер лигата, а сега реализира неочекуван трансфер: Адебајор се пресели во …


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот напаѓач на Арсенал, Манчестер Сити и Тотенхем, Емануел Адебајор комплетираше изненадувачки трансфер.

Искусниот 35 годишен напаѓач потпиша договор со парагвајскиот клуб Олимпија. Во Парагвај Адебајор пристигнува како слободен агент откако неговиот договор со турскиот тим Кајзериспор заврши во декември 2019 година.

Адебајор се поврзуваше со шокантно враќање во Премиер лигата затоа што за него интерес пројави тимот на Астон Вила меѓутоа двете страни не ги договорија личните услови па трансферот не се реализира.