Се се распаѓа во аргентинската репрезентација – Со Меси заминуваат и најдобрите


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Фудбалерот на Барселона нема да е единствениот што ќе си замине од репрезентацијата.

Многу шокови за навивачите на Аргентина. Прво пораз во финале, па заминување на Меси, а на крај уште неколку заминувања. Најверојатно Меси нема да биде единствениот кој после ова натпреварување ќе ја напушти репрезентацијата. Такво нешто најавува и Серхио Агуеро.

„Меси најверојатно нема повеќе да игра за репрезентацијата, а уште неколку фудбалери размислуваат истото да го направат. Ова е најлошата соблекувална во која сум бил. Меси е скршен најмногу. Никогаш не сум го видел во таква состојба. Размислуваме како да продолжиме понатаму, но не е лесно. Среќата ни го сврте грбот“, изјави Агуеро.

Аргентинските медиуми соопштија дека и Маскерано и Игуаин се блиску до напуштање на репрезентацијата.