Се сеќавате ли на Џексон Мартинез? Се врати на место каде се прослави и се посрамоти (ВИДЕО)


Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓


Џексон Мартинез беше прогласен за еден од најдобрите напаѓачи во светот пред неколку години.

Мартинез во моментов игра за Портимоненсе по неславната авантура на кинескиот тим Гуангжу Евергранде. Искусниот Колумбиец ја доживеа врвот на својата кариера на стадионот Драгао каде синоќа го предводеше нападот на неговиот тим.

Портимонезе имаше пенал во 45 минута. Одговорноста за пеналот ја превзеде Мартинез и шутираше ужасно. Топката отиде на неколку метри над голот.

На крајот, овој промашен пенал го чинеше тимот на Мартинез многу, бидејќи Порто славеше со минимални 1-0. Телес го реши победникот со гол во 89-та минута.

Инаку, Мартинез носеше дрес на Порто од 2012 до 2015 година. По одличните натпревари, тој се пресели во Атлетико Мадрид за 37 милиони евра за Јорганџиите во февруари 2016 година да го продадат во Кина за 42 милиони евра.