Се „тресе“ Островот: Челси нуди 71 милион евра за фудбалер на Евертон


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Челси досега потроши повеќе од 200 милиони евра, откако пристигна новиот газда Тод Боели, но премиерлигашот не планира да запре со засилувања.

Екипата на Томас Тухел тргна по потписот на 21-годишниот Ентони Гордон, но интересно е тоа што за неговите услуги понудиле дури 71 милион евра.

„Скај Спортс“ објави дека првата понуда на Челси од 47 милиони евра не била доволна за Евертон, па „карамалите“ бараат речиси двојно повеќе.

Њукасл и Тотенхем претходно се распрашуваа за талентираниот фудбалер, но големите барања на Евертон ги премисли тимовите.

Преодниот рок трае до крајот на месецов, а Челси се обидува да го купи и Весли Фофана од Лестер.