Сè уште нема понуда за нов договор: Левандовски си заминува од Баерн Минхен?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Полскиот напаѓач Роберт Левандовски може да го напушти Баерн Минхен на крајот на сезоната затоа што не е задоволен со фактот дека не му понудиле нова соработка.

Еден од најдобрите напаѓачи во светот има договор до следното лето, а се очекуваше да потпише соработка до крајот на оваа сезона, меѓутоа преговорите сè уште не почнале.

„Можам да потврдам дека не сме имале преговори со Баерн досега“, кажа агентот на Левандовски, Пини Захави.

Набрзо се јави и претседателот на бундеслигашот, Херберт Хајнер.

„Левандовски знае дека го почитуваме, но има доволно време. Ќе влеземе во преговори со него, но и со Ноер и Милер“, вели Хајнер.