Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓
Себастијан Фетел го напушта Ферари по шест години.
Четирикратниот шампион во Формула 1 од следната година ќе седи во болидот на Астон Мартин, а потврдата за соработка пристигна денес.
“Сите сме многу возбудени од ова. Себастијан е докажан шампион, тој ни носи победнички менталитет што одговара на амбициите на Астон Мартин во Формула 1”, изјави извршниот директор на тимот, Отмар Сафнауер.
“Задоволство ми е што ја објавувам веста за ново поглавје во мојата кариера. Горд сум што можам да кажам дека станав возач на Астон Мартин од 2021. година. Тоа е нова авантура за мене во легендарната компанија. Импресиониран сум од резултатите што ги покажа тимот и верувам во иднината „Имам голема мотивација и возењето Астон Мартин ќе биде привилегија“, рече Фетел.
Астон Мартин ќе влезе во Ф1 наместо името Рејсинг Поинт. Фетел ќе го замени Серхио Перез во тимот, а другиот возач ќе биде Ленс Строл.