Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Македонскиот шампион Шкупи ќе го пречека Динамо Загреб во Скопје, а има добар резултат пред реваншот затоа што во Хрватска одигра 2-2.
Тренерот Гоце Седлоски кажа дека Динамо Загреб е фаворит во пресметката, но сè уште ништо не е готово и има надеж за пресврт.
„Динамо Загреб е фаворит, но исто така се наоѓа под притисок. Ние се покажавме на теренот и нема да се браниме во реваншот. Мотивирани сме пред дуелот и сакаме добар резултат. Им посакувам среќа на Динамо и Чачиќ. Не знам дали ќе одиграат подобро во Скопје, отколку во Загреб, но знам дека ја анализирале нашата игра. Секако, на нас останува да ги поправиме грешките од првиот меч. Не е лесно да се дадат два гола против Динамо, но ќе видиме што ќе се случи во Скопје“, кажа Седлоски.
Фото: ФК Шкупи